Репрезентативецот на Хрватска, Филип Главаш, иако имаше многу понуди по одличниот настап на СП, а една од нив беше од Фленсбург, сепак, не планира да ја промени клупската средина.
Според пишвањата на ,,Handball Base”, десното крило ја одбило понудата на Фленсбург, а наскоро би требало да потпише нов договор со хрватскиот шампион Загреб.
27-годишниот ракометар со одличниот настап на Мундијалот стана интересен за многу моќни клубови, но и покрај високите понуди, тој планира и во иднина да игра во својот актуелен клуб.
Главаш со Хрватска го освои среброто на СП и беше втор најдобар стрелец во редовите на „коцкесите”, на девет натпревари постигна 39 погодоци.
Загреб освен Главаш, на позицијата десно крило ги има на располагање уште Пауло Краљевиќ, Петар Шпрем и Максимилијан Молц.
За следната сезона се шпекулура дека на позицијата десно крило Загреб ќе биде посилен со двајцата репрезентативци на Србија – Матеја Додиќ и Алекса Туфенџиќ.