Гисласон: По искуство сме далеку од репрезентациите на Шпанија и Франција

Германија, која е еден од ривалите на Македонија на континенталниот период и која во текот на подготвителниот период на двапати тестираше со Египет, на Европското првенство ќе настапи со променет состав во однос на Мундијалот 2023.

Селекторот Алфред Гисласон истакна дека се соочува со проблеми пред настапот на ЕП.

,,За жал, немавме среќа со повреди. Штета што недостасуваат еден или двајца важни играчи. Поинаку го планиравме составот, сега треба се да промениме. Ќе останеме без Фабијан Виде, Пол Друкс, Маријан Михалчик, Јустус Фишер…Сакаме добро да ја искористиме оваа недела и покрај проблемите и да продолжиме со подготовките за Европското првенство”, изјави Гисласон.

Гисласон, смета дека неговата репрезентација не може моментално да се споредува со црвената фурија“ и „триколорите“, бидејќи Шпанија и Франција се репрезентации со повеќе искусни ракометари.

,,Нилс Лихтлајн, Дејвид Спет и Тим Нотдерфт беа повикани за прв пат. Сепак, не можеме постојано да повикуваме млади играчи. Имаме многу таленти, но по искуство сме далеку од селекции како Шпанија или Франција. Не сакаме само да експериментираме, сакаме да победуваме. На тимот му треба самодоверба”, заврши Гисласон.

Германија освен со Македонија ќе игра и со репрезентациите на Франција и Швајцарија.