Екипата на Ференцварош, во која настапуваат двете екс ракометарки на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, конечно успеа да дојде до дупла круна.
Иако тимот од Будимпешта има помал буџет од Ѓер, кој што важи за еден од најдобрите клубови во Европа, сепак, покажа дека и со помал играчки ростер може да се дојде до остварување на целта.
Ференцварош во финалето од Купот на Унгарија го совлада Ѓер, а во националниот шампионат на едно коло до крајот има два бодови повеќе од фаворизирнаиот тим, но и подобар меѓусебен скор.
Некогашниот голем ривал на Кометал ЃП има освоено вкупно 15 Куп титули, последните три ги освои во изминатите три сезони, додека во националниот шампионат се има радувано на 13 титули.
Клубот на лето ќе претрпи неколку промени, засега е познато дека ќе пристигнат двете репрезентативки на Русија, Валерија Маслова и Дарија Дмитриева, како и двете Французинки – Орлане Канор и Лаура Глаузер.