Meѓу новите имиња што би требало да добијат шанса на квалификациските натпревари против Естонија и Литванија ќе биде голманот Иван Галевски.
Тој многу веројатно првпат ќе добие шанса на официјален меч на сениорската репрезентација, откако претходно беше дел од пријателските натпревари со Романија.
„Ова е прв мој собир за официјални натпревари. Задоволството и честа се огромни, а одговорноста уште поголема. Естонија и Литванија заслужуваат респект, ние нема да ги потцениме, но одиме на победа и ќе го дадеме максимумот. Тука сум за да го оправдам повикот на селекторот и секоја шанса што ќе ми се даде ќе се потрудам да ја искористам максимално“, изјави Галевски.
Првиот натпревар Македонија ќе го игра против Естонија на 6 ноември од 20:00 часот во Скопје, додека оној со Литванија е закажан за 10 ноември од 17:00 часот во Виљнус.