За еден од најголемите надежи на Германија и член на Ајзенах, Марко Гргиќ, откако ќе го заврши својот договор во неговиот актуелен клуб, се очекува да има голема заинтересираност од моќните бундеслигаши.
Според пишувањата на „RTH Handball“, за младиот ракометен талент, кој веќе забележа настапи за сениорскиот тим на Германија, најголем интерес пројавиле од Фуксе Берлин и Рајн Некар.
Гргиќ со Ајзенах има договор до летото, 2026 година, па така сигурно освен двата споменати клубови во игра за негово ангажирање ќе влезат уште неколку.
21-годишниот ракометар најдобрата партија во досегашниот тек од Бундес лигата ја имаше против Кил, односно Мелсунген.
Левиот бек на натпреварот со „зебрите“ доминираше на теренот и постигна 14 погодоци, додека против тимот на Роберто Гарсија Парондо 11 пати се запиша во листата на стрелците.
Марко е син на Данијел Гргиќ, поранешен хрватски репрезентативец кој забележа 26 настапи за „коцкестите“.
Taтко му играше за Хрватска, а тој го облече дресот на Германија и ќе игра на ОИ