Еден од фаворитите на СП 2025, репрезентацијата на Франција, без проблеми го стартуваше Мундијалот, откако убедливо славеше над Катар со 37:19.
Победникот на натпреварот беше решен уште во првото полувреме, кое го доби Франција со 18:10 и рутински ги одигра вторите 30 минути.
Иако се очекуваше голем отпор од Катар, сепак, Французите доминираа на теренот погодувајќи од сите позиции.
Избраниците на Веслин Вујовиќ влегоа во уште поголема криза во последниот дел од натпреварот и немаа никакво решение за „триколорите“.
Франција во 2. коло ќе игра против Кувајт, додека Катар силите ќе ги одмери со репрезентацијата на Австрија.