По Унгарија, репрезентацијата на Франција е вториот патник во полуфиналето на Европското првенство 2024, откако славеше против Шведска со 31:27.
Французинките доминираа во текот на целиот натпревар, по нерешените 5:5 започнаа постепено да се одлепуваат и на полувреме заминаа со резултатска предност од 19:13.
На стартот на вториот дел Франција во два моменти имаше плус осум (21:13, 22:14), но скандинавската селекција успеа да се консолидира и да ја преполови негативата.
Во последните дваесетина минути резултатската ,,нишалка” беше три до шест разлика за „триколорките“.
Најефикасни во победничката репрезентација беа Тамара Хорачек и Естел Нзе Минко, двете ракометарки имаа по шест гола.
Кај Шведска листата на стрелци беше предводена од Јасмина Роберст и Тура Акснер, двете имаа по четири реализации.