Фленсбург го задржа крилото – Јакобсен останува до 2029 година!

Данскиот репрезентативец Емил Јакобсен ќе му остане верен на Фленсбург и во следните четири сезони.

Левото крило и германскиот клуб кој важи за данска колонија, потпишаа нова соработка, што ќе трае најмалку до 2029 година.

„Го продолжив договорот со Фленсбург, бидејќи го сакам ова клуб. Начинот на кој играме и тимската хемија се многу важни за мене“, изјави Јакобсен.

Данецот дојде во Фленсбург од ГОГ Гудме во 2021 година и со текот на времето се профилираше како еден од лидерите.