Еден од претендентите за пласман на Ф4 турнирот во ЛШ, тимот на Ференцварош, денеска ги претстави првите две засилувања за новата сезона.
Станува збор за репрезентативката на Данска, Мете Транборг, која во клубот од Будимпешта ќе пристигне заедно во пакет со нејзиниот сонародник Јеспер Јенсен.
Како што е познато, десниот бек е членка на Есбјерг, а во данскиот клуб соработуваше со Јенсен, кој реши да се повлече од функцијата селектор на Данска за да може да го предводи Ференцварош.
Второто засилување е членката на ЧСМ Букурешт, норвежанката Вилде Ингстад. Кружниот напаѓач имаше повреда, па во овој период се опоравува и се подготвува за новиот интернационален предизвик.
На лето, од Ференцварош ќе си замине Валерија Маслова, русинката ќе се пресели во редовите на ЧСМ Букурешт.