Феникс и Митрова на чекор до пласман во трета рунда

Екипата на Феникс од Малта е на чекор да обезбеди пласман во третата рунда во Европскиот Куп, откако на првиот дуел против Никозија славеше со шест гола разлика, 35:29.

Во екипата од островската земја настапуваат четири ракометарки од Македонија. Станува збор за  Драгица Митрова, Милица Иванџикова, Сања Ефтимов и Слаџана Барати.

Во дуелот со Никозија, само екс репрезентативката на Македонија, Драгица Митрова се запиша во листата на стрелци, постигна шест погодоци.

Реванш дуелот меѓу Феникс и Никозија ќе се одигра веќе утре, со почеток од 19:00 часот.