Ракометарите на Струга во натпревар од 8. коло од суперлигашката конкуренција за ривал го имаат тимот на Охрид.
Екипата на Струга е на добар пат да обезбеди пласман во плеј-оф фазата, откако во претходните две кола ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2 и дебитантот Аеродром, со што направи голем исчекор кон посакуваната цел.
Тренерот на Струга, Наум Танески, ги сподели своите очекувања за езерскиот двобој и истакна дека неговите избраници мора да го дадат најдоброто од себе за да остварат позитивен резултат.
,,Пред нас овој викенд е езерското дерби, натпревар кој има посебно значење за двете екипи .Охрид гради тим кој атакува на излез на европска сцена и е фаворит во овој дуел. Секој играч и ние во стручниот штаб мора да сме на 100% доколку сакаме позитивен исход во овој дуел и заверка во плеј-офот”, изјави Танески.
Стратегот на стружани е задоволен од прикажаното во одиграните седум суперлигашки дуели.
,,За секој дуел во Супер лигата се подготвуваме максимално, ја анализираме доста и нашата игра и играта на противниците. Нема лесен противник и во секој дуел мора да се влезе максимално за да се дојде до бодови, мора да се даде максимумот и да се одигра на потребното ниво. Задоволни сме од досегашниот биланс во првенството, но секако, секогаш може подобро”, изјави Танески.
Еден од најдобрите играчи во тимот на Струга, црногорскиот интернационалец Мерис Бошњак исто така ги истакна своите о
,,Ни претстои еден тежок меч со Охрид, свесни сме колку добиваме доколку победиме. На секој натпревар играме фокусирано, без да потценуваме ниту еден тим, има уште уште еден круг на натпревари до плеј-офот, па остануваме да мислиме за претстојните дуели. Охрид е квалитетна екипа, има многу добра одбрана, ние многу напредувавме од првиот натпревар и со нетрпение го очекуваме утрешниот дуел”, изјави Бошњак.
Десниот бек беше избран за МВП на 4. коло и истакнува дека ваквите признанија се една голема мотивација во неговата кариера.
,,Атмосферата во екипата е на одлично ниво, така е уште од првиот ден, задоволен сум од играта на тимот, како и од моите настапи, но секогаш има простор за напредок и за подобрување на одредени работи. Секако дека признанијата како МВП на колото од страна на македонската публика се признанија кои дополнително ме мотивираат да ги покажам квалитетите на следниот натпревар, моментално, сум фокусиран на нашата игра, целта е плеј-офот и таквите амбиции најмногу ме мотивираат”, заврши Бошњак.
Натпреварот меѓу Охрид и Струга ќе се одигра утре со почеток од 18:30 часот во СРЦ „Билјанини извори“.