Трикратниот европски шампион Вајперс Кристијансад успеа да излезе од финансиската криза и започна да го формира ростерот за следната сезона.
Откако норвешкиот клуб се справи со тешкиот предизвик веднаш се вклучи на трансфер пазарот и успеа да договори соработка со една од најдобрите голманки – Силје Солберг.
33-годишната Солберг во последните шест сезони настапува во унгарскиот шампионат, две сезони беше дел од Шиофок, додека од сезона 2020/21 е дел од гигантот Ѓер.
Нејзиниот потпис со Вајперс Кристијансад претставува камбек на домашните терени по десет години. Вајперс Кристијансад и Солберг се договорија на соработка со важност од три години, односно до летото 2027.
Солберг ќе формира дуо на голманската позиција со легендарната Катрин Лунде, која иако има 43 години сѐ уште брани на одлично ниво.
Тимот од Кристијансад обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите и за четвртфинале ќе се бори против Дебрецин.