Тимот на Магдебург, кој е освојувач на тројна круна во Германија оваа сезона, а ќе има шанса да ја брани и европската титула, ќе се раздели со четворица ракометари.
По настапот на завршниот турнир во Келн, од Магдебург ќе заминат голманот Михаел Агерфорс, кој оди во пензија, како и полскиот дефанзивец Пјотр Храпковски.
Средниот бек Јанус Дади Смарасон на лето се сели во унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед, додека пивотот Лукас Мајстер се враќа во швајцарскиот Кадетен Шафхаузен.
Засега нејасна е ситуацијата со суспендираниот голман Никола Портнер, но Магдебург се обидува да го донесе Андреас Вулф од Келце.