Покрај натпреварот меѓу грчката Драма и Тиквеш, во првото коло на Европскиот Куп се одиграа уште шест натпревари.
Романскиот ЧСМ Букурешт, норвешкиот Драмен, австрискиот Фиверс, како и словенечкиот Ормож, полека можат да ги планираат своите патувања и да ги анализираат ривалите од второто коло, бидејќи остварија убедливи победи на првите средби.
Најинтересно беше на средбата меѓу Кастриоти од Косово и босанската Слобода Тузла, каде славеше тимот од Феризај со 30-29. Слобода водеше со 5-1, па 11-3 во средината на првиот дел, но Кастриоти направи голем пресврт и успеа да оствари минимална победа, која ќе биде значајна пред тешкиот реванш во Тузла.
Вториот претставник на Босна и Херцеговина, Леотар Требиње, загуби кај Беледијде во Турција со 37-33, но и покрај тоа има негатива што може да биде стигната на реваншот на домашен терен.
Европски Куп, 1 коло, резултати:
Вилјанди – ЧСМ Букурешт 24-35
Беледије – Леотар Требиње 37-33
Јерусалем рмож – Гранитас Каунас 32-26
Драма – Тиквеш 31-27
Кастриоти – Слобода Тузла 30-29
Конверзано – Драмен 31-43
Амбер – Фиверс 27-35
Меран – Диомидис Аргус, 20 септември
Дуделанж – Сасари, 20 септември
Спор Тото – Пореч, 21 септември