Европската ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер се наоѓа во третиот шешир во рангирањето на европската куќа на ракометот.
Најпрво шесте екипи ќе бидат извлечени на позициите А1, Б1, А2, Б2, А3, Б3, а потоа екипите од вториот шешир ќе бидат распределени на следните позиции.
Ако Магдебург се падне во група А, тогаш автоматски Фуксе Берлин оди во групата Б, а тоа ќе се повтори и за екипите од Полска, Данска, Унгарија и Франција.
Екипите од третиот шешир ќе бидат влечени на крајот.
шешир 1: Барселона, Магдебург, Висла Плоцк, Алборг, Веспрем, ПСЖ
шешир 2: Фуксе Берлин, Келце, Фредериција, ПИК Сегед, Нант
шешир 3: Еурофарм Пелистер, Динамо Букурешт, Загреб, Спортинг Лисабон, Колстад
Ждрепката за групите ќе се одржи на 27 јуни со почеток во 17:30 часот во Виена.