Еурофарм Пелистер со четири негатива на полувреме против Колстад

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Норвешка против Колстад го играат последниот сезонски натпревар во Лигата на шампионите и по 30 минути игра имаат негатива од 17:13.

Домаќините уште во воведните десет минути дојдоа до солидна позитива, откако имаа фуриозен налет, па така пелистерци од средината на првиот дел, па до крајот на полувремето бркаа висока негатива.

Голем хендикеп за македонскиот шампион беше повредата на Ненад Костески, кој по само една минута го напушти теренот во Трондхајм. Тој при еден обид да постигне погодок во домашната мрежа, незгодно доскокна.

Колстад поведе со 2:0, потоа дојде до 5:2 и како одминуваше времето растеше предноста за избраниците на Берге. По десет минути игра предноста на Колстад беше 10:4, додека во 15 минута домаќините имаа 12:7.

Норвежаните со квалитетна транзиција немаа проблем да ја одржат стекнатата предност од воведниот дел, најчесто водеа со пет до шест гола ралзика и во финишот од првиот дел дојде до мало опуштање во домашниот табор, па така Еурофарм Пелистер ја преполови негативата, намали на 15:11.

Најзаслужен за преполувањето на негативата беше голманот Урбан Лесјак, кој во првото полувреме имаше седум интервенции. Во натпревар кој не решaва ништо, домаќините не дозволија Еурофарм Пелистер да направи камбек и на полувреме заминаа со предност од 17:13.

📷 Хендикеп за шампионот – се повреди Ненад Костески, со болна гримаса го напушти теренот