Кадетите на Еурофарм Пелистер и Струга ќе се борат за титулата на заввршниот турнир што денеска се игра во салата во Автокоманда.
Двете полуфинални средби беа решени по изведување на удари од седум метри и имаа драматични завршници.
Битолчани, кои дојдоа на овој Ф4 без пораз, успеаја да ја надополнат негативата од минус четири 26-22 во мечот со „витамините“ и стигнаа до реми, 26-26. Во пенал серијата, тимот на Кире Митревски славеше со 29-27 и се пласира во финалето.
Претходно во првата полуфинална средба, Струга и Пролет одиграа реми, 29-29 во регуларниот дел, па мечот отиде да се решава на удари од седум метри, каде подобри беа стружани и заслужено ќе играат во финале, 32-30.
Мечот за трето место меѓу Пролет и „витамините“ од Авткоманда ќе се игра од 17:00 часот, додека големото финале е од 19:00 часот.