Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во натпревар од 3. коло до Лигата на шампионите губи на полувреме од Динамо Букурешт со 19:13.
Стартот на натпреварот во Букурешт донесе изедначена игра, домаќините поведуваа, пелистерци израмнуваа. По десет минути игра резултатот беше 4:4, додека кон средината на првиот дел тимот на Давид Дејвис се одлепи на плус три, 8:5.
Пелистерци со голот на Пешевски ја прекинаа серијата на домаќините, намалија на 8:6 во 15 минута. До овој момент, голманот на домашниот тим Цупара имаше само една одбрана, но затоа нападот делуваше речиси перфектно.
Избраниците на Бранко Ангеловски парираа, не дозволуваа Динамо Букурешт да стекне солидна предност и во 18 минута дојдоа до минус еден, 9:8. Во преостанатите десет минути од првиот дел, домаќините постепено ја зголемуваа предноста, дојдоа до плус пет во 25 минута, 15:10 и на пауза заминаа со предност од 19:13.