Еурофарм Пелистер гостува во Веспрем, ЕХФ делегираше австриски арбитри

|
14:00

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 9 коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер му гостува на унгарскиот гигант Веспрем, а ЕХФ делегираше судии од Австрија.

Станува збор за Денис Болиќ и Христоф Хурих, додека делегат на овој натпревар ќе биде Леополд Калин од Словенија.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем се игра во „Веспрем Арена“ на 28 ноември со почеток во 18:45 часот.

Иваноски продолжува во одлична форма – беше најдобар стрелец против Динамо Панчево

Автор: Душко Андов
| 24 ноември 2024
13:11

Македонскиот интернационалец Михаил Иваноски одново беше најдобар стрелец во тимот на Дубочица Лесковац.

Тимот на Иваноски загуби на тешкото гостување кај Динамо Панчево со 32-30 во 10 коло од српскиот шампионат.

Иако губеше во текот на мечот и со седум гола во неколку наврати, сепак тимот од Лесковац по заслуга на Иваноски успеа финишот да го направи интересен, но не и да направи комплетен пресврт.

Македонскиот десен бек постигна шест погодоци, а подели и две асистенции, и заедно со Павловиќ и Ристовиќ беа најефикасни во гостинскиот тим.

Дубочица остана на шестото место со девет бода, односно на границата која води во плеј-офот.

🔴ВО ЖИВО🔴 Пролет – Прилеп, Младост Богданци – Македонија ЃП, Партизан Гевгелија – Шампион

Автор: Душко Андов
| 23 ноември 2024
18:15

Кузманов, Петров, Митевски…повторно во елемент – неготинци убедливи во Штип

Автор: Влатко Мирчески
| 24 ноември 2024
17:11

Екипата на Вардар Неготино, предводена од триото – Драган Кузманов, Костадин Петров и Мирослав Митевски, тројца ракометари кои зад себе имаат суперлигашко искуство, славеше на гостувањето кај Текстилец со 44:32.

Гостите од Неготино уште од стартот наметнаа свое темпо кое домаќинот не можеше да го следи и во ниту еден момент од натпреварот Текстилец не успеа ниту да израмни, ниту пак да поведе, се мина во знакот на неготинци.

Ракометарите на Вардар Неготино на пауза заминаа со резултатска предност од 20:14 и уште подобро одиграа во вториот дел. Домаќинот немаше идеја како да ги запре разновидните акции да гостите и дозволи довчерашниот суперлигаш да ја зголеми предноста за конечни 12 разлика.

Во таборот на Вардар Неготино најефикасни беа Драган Кузманов (10 гола), Костадин Петров (10 гола) и Мирослав Митевски (9 гола). Кај поразениот тим се истакна Филип Славев со осум гола, а го следеше Драган Сенев со шест реализации.

Вардар Неготино во следното коло од прволигашката конкуренција ќе биде домаќин на Скопје. Текстилец следниот викенд ќе биде гостин во Ресен кај Преспа Вардар.

Во продажба билети за најважниот меч на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите

Автор: Душко Андов
| 25 ноември 2024
15:37

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер објави дека денеска започна продажбата на билети за последниот натпревар на домашен терен оваа година во Лигата на шампионите.

Ривал на пелистерци ќе им биде полскиот шампион Висла Плоцк, кој ќе гостува во Битола на 4 декември со почеток во 20:45 часот.

Билетите за дуелот што може да биде решавачки за пласман на македонскиот првак во осминафиналето, чинат 450, односно 550 денари, зависно од местата на седење во салата.

Тие можат да се купат онлајн и на продажните места низ Битола, а сите детали за продажбата на билети ги имате ТУКА.

Битолчани имаат четири бода на шестото место на табелата во групата А, додека Висла Плоцк е последна со два бода. Со победа, македонскиот првак ќе направи голем чекор напред кон осминафиналето.

🔴ВО ЖИВО🔴 Mеталург РА – Астраион

Автор: Душко Андов
| 24 ноември 2024
14:00