Еурофарм Пелистер 2 стигна до третото место на турнир во Грција

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 го освои третото место на меморијалниот турнир „Христос Козаманидис“ што се играше во Грција.

Избраниците на Александар Зарков славеа во битката за бронза над организаторот Аминтас Аминтаиу со убедливи 39-20.

Претходно во полуфиналето битолчаните беа поразени од составот на ГАС Килкис со 30-27, а овој тим го освои трофејот.

ГАС Килкис во финалниот натпревар го победи ПАОК на Виктор Гигов и Дарко Георгиевски со 29-28.

Еурофарм Пелистер 2 по одличниот настап во Прилеп, продолжи со добрите партии и во Грција, а стартот на новата сезона во прволигашката конкуренција се очекува на 21 септември.