Italia Italy - Turchia Turkey Turkiye IHF - EHF MEN’S WORLD CHAMPIONSHIP 2025 Qualification Europe Phase 1 Chieti, 05/11/2023 Foto di Luigi Canu - FIGH

Естонија ја шокира Украина, Италија победнички низ Белгија

Денеска се одиграа првите натпревари од првиот бараж за пласман на Светското првенство 2025.

Репрезентацијата на Естонија ја шокираше Украина, откако обезбеди триумф од 32:29 (18:16).

Ниту 13 погодоци на младиот Игор Турченко не беа доволни за поволен резултат на Украина, која на реваншот ќе мора да се надмине себеси.

Победникот од овој бараж двомеч за пласман на Мундијалот следната година ќе се бори против Исланд.

Блиску до пласман во вториот бараж е репрезентацијата на Италија, која на гостински терен во Хаселт ја совлада Белгија со 29:25 (14:13).

Доколку Италија го добие и реваншот, тогаш во вториот бараж ќе налета на Црна Гора и против ракометарите на Владо Шола ќе се бори за учество на СП.