Репрезентацијата на Естонија е еден од ривалите на македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство 2026.
Естонија во својата историја ниту еднаш не успеала да ги помине квалификациите за континенталниот собир, ниту пак за Мундијалот.
Селекторот на Естонија, Мартин Нодлага, истакна дека е задоволен од ждрепката.
,,Мора да се каже дека исходот од ждрепката е сосема добар. Пред извесен период рамноправно се боревме на домашен терен со Литванија, Македонија моментално менува генерација, а позната репрезентација ни ѐ и Словенија. Ќе треба да одвоиме време за анализа, а кога ќе се приближат квалификациите, ќе знаеме подобро. Сè на сè, би рекол дека е можно да конкурираме“, изјави Нодлага.
Македонија токму против Естонија ќе ги отвори квалификациите за пласман на континенталниот собир 2026, кој ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Познат возниот ред: Старт со Естонија дома, двомечот со Словенија во 2025