„Ер Струга“ леташе во Чешка – Фантастичниот Костески со 15 гола го потопи Копривнице!

Чешкиот првак Талент Плзен предводен од Никола Костески запиша нова победа во домашниот шампионат.

Плзен славеше на гостувањето кај Копривице со убедливи десет гола разлика, 38-28 во натпревар од четвртото коло.

Македонскиот интернационалец одигра фантастична партија и успеа да постигне дури 15 погодоци, од кои пет беа од пенал.

Следен предизвик за Костески и Талент Плзен ќе биде гостувањето кај тимот на Страконице во петтото коло.