Чешкиот првак Талент Плзен предводен од Никола Костески запиша нова победа во домашниот шампионат.
Плзен славеше на гостувањето кај Копривице со убедливи десет гола разлика, 38-28 во натпревар од четвртото коло.
Македонскиот интернационалец одигра фантастична партија и успеа да постигне дури 15 погодоци, од кои пет беа од пенал.
Следен предизвик за Костески и Талент Плзен ќе биде гостувањето кај тимот на Страконице во петтото коло.