Како што објави официјалниот сајт на францускиот Лимож, продолжена е соработката со главниот тренер Алберто Ентрериос.
47-годишниот шпански стратег потпиша нов договор со кој се обврза да остане на клупата до 2027 година.
Тој го предводи Лимож од сезоната 2022/23, а во штотуку завршената сезона го имаше најдобриот резултат во историјата.
Лимож се пласираше на петтото место и обезбеди место во Лигата на Европа за новата сезона. Претходно Ентрериос работеше во Нант.