Црногорскиот стратег Перо Милошевиќ потпиша нов договор со романскиот тим Политехника Темишвар.
По разделбата со Ловќен по есенската полусезона, тој замина да ја спаси Политехника од испаѓање во понизок ранг и успеа во тоа.
Раководоството му понуди тригодишна соработка и Милошевиќ треба да остане во романскиот тим најмалку до 2027 година.
Стратегот кој работеше во Вардар во сезоната 2010/11, веќе беше дел од Темишвар шест сезони, а го водеше и Бузау две години пред да се врати во Ловќен.
Проектот во Црна Гора не се покажа како успешен, имаше кавга со Вуко Борозан, па реши да се врати во Романија.