Екс пелистерецот Мандалиниќ ќе му прави друштво на Јасухира во Кувајт

Поранешниот член на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ, во новата сезона ќе игра во Кувајт и ќе биде дел од тимот на Бурган, пишува „Handball arabic“.

Искусниот Хрват откако си замина од битолскиот тим се пресели во Грција, таму две сезони беше дел од амбициозниот проект на АЕК Атина.

Сепак, клубот од Атина не ја одбрани домашната титула во оваа сезона, па така високите амбиции наеднаш спласнаа.

Според споменатиот извор, левиот бек од Хрватска и Бурган се договориле на едногодишна соработка.

Мандалиниќ во својата кариера, освен за Еурофарм Пелистер и АЕК Атина, настапуваше и за Фуксе Берлин, матичниот Загреб, Карловац и Сплит.

Во клубот од Кувајт ќе игра и довчерашниот член на Вардар, средниот бек Коскуе Јасухира.

Вардар останува без Јапонецот – Јасухира се сели во Кувајт!