Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Елмир Граџан, одлучи да се врати во совјот матичен клуб.
Граџан во продолжението од сезоната ќе настапува за босанскиот суперлигаш Горажде и ќе се обиде да му помогне на клубот да оствари подобри резултати во вториот дел од сезоната.
Повремениот репрезентативец на БиХ во текот на 2022 година од Еурофарм Пелистер се пресели во редовите на Олимпијакос.
Искусниот кружен напаѓач пет сезони мина во Еурофарм Пелистер и беше меѓу најдобрите ракометари на битолскиот тим, со кој играше во европските купови и во СЕХА лигата.
Горажде првиот дел од сезоната во најсилното натпреварување во БиХ го заврши на 11. позиција.