Германците останаа без еден од пивотите пред двобојот со Македонија

Поранешниот член на Кил, Себастијан Фирнхабер, отпадна од комбинација за настап на континенталниот собир во јануари.

Кружниот напаѓач и капитен на Ерланген во дуелот против Штутгарт ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото.

Искусниот ракометар ќе паузира одреден временски период и нема да биде во можност да им помогне на своите репрезентативни колеги на ЕП.

Фирнхабер во текот на 2019 година од Кил се пресели во Ерланген и стана столб на одбраната на тимот.

Селекторот на Германија, Алфред Гисласон, утре ќе го објави конечниот список за континенталниот собир.

Германија е еден од ривалите на македонската репрезентација на Европското првенство. Освен со Македонија, репрезентацијата на Германија во групната фаза ќе игра и со репрезентациите на Франција и Швајцарија.