Екс голман на Прилеп и Охрид одбрани половина од ударите кон неговиот гол!

Поранешниот голман на Прилеп и Охрид, Зураб Цинцадзе, имаше одлична партија во полскиот шампионат и беше прогласен за МВП.

Грузискиот чувар на мрежата, кој сега брани за полскиот Азоти Пулави, имаше дури 47% на одбрани на ударите кон неговиот гол од ракометарите на Калиш.

Тоа беше доволно за Азоти Пулави да прослави триумф над Калиш со 28-24, иако имаше негатива од еден гол на паузата, 16-15, но во вториот дел Цинцадзе прими само осум гола.

Грузиецот мина три сезони во Македонија, две бранеше во Прилеп, а една за Охрид, пред летово да се пресели во Полска.

Азоти Пулави се наоѓа на третото место во полскиот шампионат веднаш зад неприкосновените Келце и Висла Плоцк.