Европската ракометна федерација (ЕХФ) номинираше 112 машки и женски играчи во изборот за „Играч на годината“.
Во секоја категорија има по седум номинирани играчи избрани врз основа на нивниот национален тим и клупски настап во текот на сезоната 2023/24.
Меѓу номинираните во женска конкуренција се и трите екс членки на Вардар, Тамара Мавсар, Андреа Ликиќ и Драгана Цвијиќ.
Иако Лекиќ и Цвијиќ веќе неколку години не настапуваат на репрезентативно ниво, сепак, имаат импресивни партии на клупско ниво, односно во дресот на Ференцварош.
Поранешниот член на Вардар, Алекс Душебаев, е меѓу номинираните за најдобар десен бек на годината.
Гласањето е отворено до 23 јуни и може да се гласа преку апликацијата на ЕХФ. Освен фановите онлајн, ќе гласаат и играчите, тренерите, како и одредени медиуми – сите учествуваат по 25% во вкупниот број на гласови.
Идеалните тимови на сезоната ќе бидат објавени на 27 јуни за време на ждрепката за групите во Лигата на шампионите, додека МВП на сезоната и најдобар млад играч ќе бидат прогласени на 14 декември, за време на гала вечерта на финалниот викенд на ЕП 2024 година.