Репрезентативката на Шведска, Џесика Руде, својата кариера ќе ја продолжи во Унгарија, откако се договори на соработка со ланскиот учесник во ЛШ, Дебрецин.
Поради финансиската криза во Нант, искусната голманка во изминатиот период беше без клуб, а унгарскиот суперлигаш веднаш реагираше и успеа да ја донесе во своите редови.
Двете страни се договорија на тригодишна соработка, со можност истата да биде продолжена, па така Руде неколку сезони ќе има можност своите квалитети да ги презентира пред унгарската публика.
30-годишната голманка, освен за Нант, во својата кариера настапуваше и за дански Икаст, како и за двата клуба од Шведска,Хорс и Луги.
Со тимот на Икаст во сезона 2022/23 ја освои титулата во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа.