Eурофарм Пелистер го реши тренерското прашање: Бабиќ уште три години во Битола

Екипата на Еурофарм Пелистер го реши тренерското прашање за следните три години откако денеска потпиша нов договор со актуелниот стратег, Жељко Бабиќ.

Стратегот од Хрвтска кој имаше договор со Еурофарм Пелистер до јуни сега се договори да остане дел од екипата до јуни во 2024 година така што продолжува да се рабори според планот кој беше зацртан во моментот кога на почетокот на 2020 година дојде во Битола.

Бабиќ ја водеше екипата во сезоната која беше прекината поради коронавирусот, a  во оваа тимот од Битола игра и во групната фаза од Лигата на Европа.

Пред да дојде во Еурофарм Пелистер, тренерот од Сплит работеше во Меткович, Кршко, Сплит, Горење Велење, Мешков Брест, а беше и селектор на сениорската репрезентација на Хрватска.