Eве кои шест тима добија вајлд карти за ЛШ – познати сите можни ривали на пелистерци!

Европската ракометна федерација ги објави 16 екипи што ќе играат следната сезона во Лигата на шампионите.

Покрај десетте сигурни учесници меѓу кои и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, ЕХФ додели шест вајлд-карти.

Специјалните покани одат кај Загреб, Алборг, ПИК Сегед, Монпелје, Колстад и Висла Плоцк, а извисија тимови како Динамо Букурешт, Спортинг Лисабон, Кадетен и Кристијансанд.

Покрај битолчани, во ЛШ сигурни места од претходно имаа Барселона, Келце, Кил, Магдебург, ПСЖ, Веспрем, ГОГ Гудме, Порто и Целје.

Ждрепката ќе биде извршена на 27 јуни, кога Еурофарм Пелистер ќе ги дознае ривалите, а ЕХФ претходно ќе ги објави и шеширите.