Два гиганти во трка по екс пелистерецот: По Кил, и ПСЖ „загриза“ за Табоада

Новопечениот холандски репрезентативец Реине Табоада, нема да ја продолжи соработката со данската Фредериција и ќе има нов предизвик во кариерата.

По интересот на Кил, во трката за левиот бек и поранешен ракометар на Еурофарм Пелистер, влегува уште еден гигант.

Според „UPSkill Handball“, интерес за услугите на Табоада покажува и францускиот шампион ПСЖ, кој ќе има реконструкцијата на играчкиот кадар идното лето.

Табоада по заминувањето од Битола заигра за Фредериција, со која стана вицепрвак на Данска.