Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Дрогришки се враќа во Битола и ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2.
Тој се обврза на двегодишна верност со битолчани, кои посакуваат експресно враќање во суперлигашката конкуренција.
Дрогришки е искусен ракометар, кој беше дел од Еурофарм Работник, подоцна и Еурофарм Пелистер, а настапуваше уште и за Тиквеш и Охрид.
Претходно битолчани го договорија и голманот Мартин Јовановски, па новиот тренер ќе има на располагање состав со кој ќе биде фаворит за место во елитата.