Првиот финален натпревар во Европскиот Куп во женска конкуренција меѓу шпанскиот Порињо и исландскиот Валур заврши реми, 29-29.
Иако Валур водеше со плус четири на паузата, 16-12, а имаше и плус пет во второто полувремето, сепак упорните домаќинки направија комплетен пресврт.
Дури и водеше Порињо во финишот со 28-27, а тоа беше вторпат на мечот по стартното водство со 1-0, но на крајот сепак се спасија од пораз.
Микаела Касасола успеа да израмни на 29-29 и ниту една екипа нема да има предност пред реваншот во финалето.
Вториот финален меч на кој ќе биде доделен трофејот во Европскиот Куп ќе се игра во Рејкјавик на 17 мај од 17:00 часот.