Драган Ѓукиќ не е повеќе тренер на АЕК!

Поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Драган Ѓукиќ, повеќе не е тренер на АЕК Атина.

Грчкиот клуб денес официјално објави дека е прекината соработката со довчерашниот селектор на Израел.

Ѓукиќ на почетокот на оваа сезона го презеде кормилото на клубот од грчката престолнина, но не беа остварени целите на европска сцена.

АЕК Атина иако создаде конкурентен тим, сепак, настапот во Лигата на Европа го заврши уште во првиот дел од сезоната, на шест одиграни натпревари оствари само една победа.

Српскиот стратег во својата тренерска кариера работеше во многу клубови, ги предводеше Вардар, Татабања, Мадеира, ПИК Сегед, ЧСМ Букурешт, Макаби Тел Авив, Одорхеи…