Ракометарите на Драчево во натпревар од 3. коло од плеј-оф фазата во Првата лига пред својата публика ја совладаа Јехона од Гостивар со 38:31 (19:14).
Гостите од Гостивар се покажаа како незгоден ривал, бидејќи од првата, па се до 48-та минута беа во предност, но попуштија кога најмногу требаше и дозволија домаќинот да ги освои бодовите.
Најефикасни во победничката екипа беа Ѓорѓи Дука и Петар Ферукоски, двајцата имаа по седум погодоци, а пет додаде Филип Дабевски.
Прво име кај Јехона беше Мојсие Тасески со осум погодоци, пет постигна Адис Салиу, додека по четири реализации имаа Ерлис Селмани и Новица Михајловски.
Драчево во следното коло за ривал го има Овче Поле, а Јехона првата победа во плеј-офот ќе ја бара во дуелот со Младост Богданци.