Драчево се засили пред борбата за елита, потпиша средниот бек Олтовски

Тимот на Драчево го донесе четвртото засилување пред стартот на пролетниот дел од сезоната во прволигашката конкуренција.

Нов ракометар во тимот предводен од Велимир Настески е средниот бек Давид Олтовски, кој доаѓа од Аеродром.

Олтовски имаше одлична полусезона зад себе со тимот на Аеродром, со кој за влакно не успеаја да влезат во суперлигашкиот плеј-оф.

Драчево претходно се засили со Петар Ферукоски, Кристијан Ангелковски и Филип Димевски, па сега има поширок ростер.

Во првото коло од прволигашкиот плеј-оф Драчево ќе гостува кај Младост Богданци, кој исто така имаа суперлигашки амбиции.