До вчера беше во Велес, сега стана селектор на Бахреин

Српскиот стратег Предраг Петљански, кој три недели беше на кормилото на Борец ФЛ во Супер лигата, има нов ангажман.

Петљански е нов селектор на Бахреин и ќе ја води оваа репрезентација на претстојниот Арапски шампионат во мај.

Тој доаѓа на местото на исландскиот стратег Арон Кристјансон, кој долги години го предводеше Бахреин.

Петљански во Велес помина три недели, запиша две победи и два порази на четири меча, а веројатно одличната финансиска понуда од Азија беше причината да си замине.

На неговото место во Борец ФЛ се врати Владимир Глигоров.