Диневска е херојот – Чаир преку драма со Куманово оди на Ф4!

Ланскиот учесник од финалето во Купот на Македонија, Чаир, повторно ќе игра на завршницата, откако ја доби драмата со Куманово, триумфираше со 28:27 (14:13).

Херој на домашниот тим беше Бојана Диневска, која со гол на десетина секунди пред крајот му донесе на својот тим пласман на завршницата во женскиот Куп. Куманово во последните пет секунди не успеа да дојде до реализација, па можеше да започне домашното славје.

Најефикасна во победничката екипа беше Стефанија Ѓорѓиевска со девет гола, седум додаде Теодора Гулицоска, пет запиша Теодора Дукоска, а четири имаше Бојана Диневска.

Во тимот на Куманово се истакнаа Нена Несторовска и Сузана Зечевиќ со седум, односно шест гола. Гостинскиот тим беше осетно ослабен со отсуството на искусната Мила Трајковиќ.

Куп на Македонија, жени, групна фаза:

група А
Спартак – Шампион 29-19
Металург Автокоманда – Стружанка 39-17
Спартак – Металург Автокоманда 18-36

група Б
Астибо – Куманово 16-29
Чаир – Ѓорче Петров 2 39-24
Чаир – Куманово 28-27

група В
Скопје – Гевгелија 16-17
Ѓорче Петров – Деспина 44-10
Ѓорче Петров – Гевгелија

група Г
Вардар слоб.
Пелистер – Овче Поле СУ 33-13
Вардар – Пелистер