Димитриоски прозиваше, „дробилицата“ почна со тренинзи

Тимот на Македонија Ѓорче Петров започна со тренинзи пред новата сезона во прволигашката конкуренција.

Тренерот Оливер Димитриоски ќе смета на сите ракометари од минатата сезона, а допрва ќе има и нови имиња.

„Дробилицата“ минатата сезона ја заврши на четвртата позиција на табелата во Првата лига со 33 бодови.

Во претстојната сезона ќе има зголемени амбиции, но и поголема конкуренција меѓу прволигашите во битка за елитата.