Димитриоски без грешка, Ваљадолид останува во борба за ТОП 5!

Тимот на Ваљадолид, во кој настапуваат двајцата ракометари од Македонија, Димитар Димитироски и Дарко Димитриевски, беше минимално поразен од Хуеска со 27:26 во натпревар од 16. коло од Асобал лигата.

Димитриоски на денешниот дуел одигра без грешка, постигна три погодоци од исто толку обиди, додека Димитриевски еднаш се запиша во листата на стрелци и имаше две асистенции кон своите колеги.

И покрај поразот Ваљадолид останува во борба за ТОП 5 во најквалитентото натпреварување во Шпанија. Тимот, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Давид Писонеро, моментално, се наоѓа на 5. позиција.

Ваљадолид на 16 одиграни натпревари забележа осум победи, седум порази и едно реми. Следен предизвик за Ваљадолид ќе биде дуелот против тимот на Пуерто Сагунто.