Димитриевски без грешка, Ваљадолид ја доби драмата со Анаитасуна

Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата македонски интернационалци Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски, им се врати на победите во Асобал лигата.

Ваљадолид, за кој поради повреда не настапи Димитриоски, славеше на домашен терен против Анаитасуна со 34-33 во интересен натпревар.

Димитриевски на овој натпревар беше меѓу најдобрите стрелци и постигна четири погодоци од четири обиди, од кои два беа од седмерец.

Ваљадолид сега има 14 бода, се наоѓа на четвртото место, а следниот натпревар ќе биде дерби и ќе му гостува на Гранољерс.