Џакмиќ со повик – ќе игра за БиХ во квалификациите за ЕП

Селекторот на женската репрезентација на БиХ, Аднан Башиќ, го објави поширокиот список пред стартот на квалификациите за ЕП 2024 година.

Меѓу ракометарките кои се најдоа на поширокиот список е и членката на Чаир, Амела Џакмиќ, која има солидни партии во дресот на скопскиот клуб.

Наредниот месец, на 11 и 14 октомври, репрезентацијата на БиХ ќе ги одигра првите два квалификациски натпревари за пласман на континенталниот собир 2024.

БиХ е во тешка група, за ривали ги има репрезентациите на Романија, Хрватска и Грција.

Ракометарките на Башиќ првиот квалификациски дуел ќе го одиграат на 11 октомври во Миовени против Романија.

Три дена подоцна, односно на 14 октомври, репрезентацијата на БиХ на свој терен ќе се соочи со Хрватска.