Џакмиќ повторно доби репрезентативен повик за квалификациите за ЕП 2024

Селекторот на женската сениорска репрезентација на БиХ, Аднан Башиќ, го објави поширокиот список на ракометарки пред двомечот со Грција во рамки од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

На поширокиот список кај Башиќ се наоѓа и ракометарката Чаир, Амела Џакмиќ, која има солидни партии во дресот на скопскиот клуб.

Кружниот напаѓач беше дел од составот на БиХ на претходните два квалификациски натпревари, против Романија и Хрватска.

Џакмиќ и во првиот дел од сезоната забележа добри настапи за Чаир и повторно ја доби довербата од селекторот на босанската репрезентација.

БиХ двата дуели против Грција ќе ги одигра на 28 февруари и 3 март. На првиот дуел ќе игра во Кожани, додека реваншот е закажан во босанскиот град Чазин.