Десетка на Трајкоски, Прилеп ја преплива Струга

По трите последователни порази од Бутел, Вардар и Тиквеш, тимот на Прилеп на гостувањето во Струга кај истоимената екипа се израдува на трет сезонски триумф откако победи со три гола разлика, 34:31. Еден од клучните играчи за победата на гостите беше и голманот Стефан Христоски, кој бранеше кога беше најпотребно и натпреварот го заврши со 15 интервенции.

Гостинскиот тим на овој натпревар настапи без неколку стандардни првотимци. Сега Прилеп има седум бода на табелата и останува со шанси за пласман во плеј-оф фазата, додека Струга остана на четири бода.

Прилепчани според посакуваното го отворија натпреварит и во воведните пет минути имаа предност од 4:1. и до крајот на полувремето беа подобриот тим на теренот. Струга во еден момент се закани, но избраниците на Мосјов не дозволија домаќинот да направи камбек, откако водеа со 7:6 направија серија од 6:0 и во 20 минута дојдоа до највисоките плус седум, 13:6.

Во периодот од 20 минута, па до паузата, домашниот тим заигра подобро и успеа да ја преполови негативата. Во овој период се разигра Мечкароски, даде четири гола во последниот дел од првото полувреме, а на спротивната страна левото крило Трајкоски речиси беше непогрешлив. Гостите од Прилеп на пауза заминаа со плус три, 17:14.

Прилеп со головите на Трајкоски и Квастек дојде до 19:14 на стартот на вториот дел, а тоа беше знак дека домаќините ќе треба да дадат повеќе од потребното за да се вратат во игра. Струга во 35 минута стигна до минус два, 20:18 , а пет минути подоцна, односно во 40 минута, избраниците на Танески намалија на 22:21.

Од тој момент секој напад за двете екипи беше многу важен. Гостинскиот тим некако успеа да се одлепи, во 45 минута имаше предност од 28:24 и успеа до крајот да одржи колку-толку од стекнатата предност, а тоа беше доволно за трет сезонски триумф.

Најдобар поединец во редовите на Прилеп беше Давид Трајкоски, кој натпреварот го заврши со десет погодоци, осум постигна кружниот напаѓач Томислав Квастек, шест запиша Никола Цветаноски, додека на голот Стефан Христоски имаше забележителна партија.

Во поразениот табор Филип Пајкоски имаше десет успешни реализации, по четири погодоци имаа Немања Џигероски, Тодор Јанкуловски, Филип Мечкароски и Богдан Мијушковиќ.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД880016
2ВАРДАР 1961980116
3ОХРИД870114
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР970214
5БУТЕЛ960312
6ТИКВЕШ 201493157
7ПРИЛЕП93157
8ПРОЛЕТ82246
9КУМАНОВО82064
10СТРУГА92074
11БИСИНОВ Ф. Л.91173
12РАДОВИШ90181