Дерби за старт: Еурофарм Пелистер против Вардар во првото коло од плеј-офот!

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени натпреварувачките броеви за плеј-офот и плеј-аутот.

Во разигрувањето за титулата осумте екипи ќе стартуваат со натпревари во вториот викенд од февруари.

Според распоредот, бранителот на титулата Еурофарм Пелистер ќе ја започне одбраната на тронот на домашен терен против Вардар.

Дерби натпреварите кои се очекува да бидат клучни за првото место, ќе се играат во првото коло во Битола и во осмото коло во Скопје.

Тиквеш ќе игра на домашен терен против Струга, додека возбудлив натпревар во првата рунда ќе одиграат Бутел Скопје и Охрид.

Супер лига, плеј-оф, 1 коло:

Еурофарм Пелистер – Вардар
Бутел Скопје – Охрид
Тиквеш – Струга
Пролет – Алкалоид

Супер лига, плеј-оф

Вардар 3
Алкалоид 3
Еурофарм Пелистер 2
Охрид 2
Тиквеш 1
Бутел Скопје 1
Струга 0
Пролет 0