ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Прилеп домаќин на Голден Арт, Еурофарм Пелистер 2 на гости во Куманово

На денешната програма во Македонија ќе има осум натпревари, два од нив се во рамките од 9. коло  во суперлигшакиот плеј-аут. Тимот на Прилеп, кој во досегашниот дел од втората сезона доживеа само еден пораз, на домашен терен ќе го пречеа Голден Арт.

Двете екипи ќе го одиграат четвртиот сезонски меѓусебен дуел, на последниот дуел се радуваа прилепчани, кои во Скопје триумфираа со 36:29. Прилеп успешно чекори кон опстанок во Супер лигата и со евентуална победа над „градежниците“ ќе биде многу блиску до исполнување на зацртаната цел.

Натпреварот меѓу Прилеп и Голден Арт ќе се одигра со почеток од 15:00 часот во спортската сала при СОУ „Ристе Ристески Ричко“.

Деветтото коло во борбата за опстанок ќе го комплетираат екипите на Куманово и Еурофарм Пелистер 2. Младите пелистерци сите три дуели против Куманово, два во регуларниот дел од сезоната и еден на почетокот на плеј-аут фазата, успеаја да ги добијат.

Битолчани на табелата имаат 21 бод, додека Куманово бод помалку, па така за двете екипи денешниот дуел е од големо значење. Домаќините ќе посакуваат со поддршка од публиката да ги освојат трите бодови.

Куманово вториот тим од Битола ќе го угости во спортската сала „Перо Наков“, а почетокот на натпреварот е 19:00 часот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 СТРУЖАНКА – ГЕВГЕЛИЈА
14:00 ТЕКСТИЛЕЦ – ОВЧЕ ПОЛЕ
15:00 ПРИЛЕП – ГОЛДЕН АРТ
17:00 ПАРТИЗАН – КИЧЕВО
18:00 ДЕСПИНА – ЧАИР
18:30 ШАМПИОН – РАДОВИШ
19:00 МАКЕДОНИЈА ЃП – МЛАДОСТ
19:00 КУМАНОВО – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2